Повредата на нашиот репрезентативец не е сериозна

Хасани ќе биде фит за Лихтенштајн

Првичните прегледи покажале дека повредата на фудбалерот на Шкендија не е сериозна и дека тој ќе му се стави на располагање на селекторот Ангеловски за претстојниот квалификациски натпревар против Лихтенштајн

објавено: 13 март 2017 - 17:00

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде „засилена" со настапот на Ферхан Хасани. Одличниот фудбалер на Шкендија го повреди коленото и постоеше страв дека нема да биде фит за квалификацискиот меч против Лихтенштајн на крајот од овој месец, сепак, тоа нема да се случи.

Според првичните извештаи од прегледите, популарниот Буба со посебна тренинг програма ќе биде подготвен за предизвикот и ќе му се стави на селекторот Игор Ангеловски.

Постои и најава дека уште утре Ибраими ќе започне со индивидуални тренинзи и полека ќе се враќа во препознатливата форма.

Најново во Фудбал