Орлите останаа без еден од најдобрите

Хендикеп за Србија, Чавриќ не игра против Македонија

Еден од главните адути на младата српска репрезентација, Александар Чавриќ нема да игра против Македонија, утре во Бидгошч, на вториот меч од Б групата на Европското првенство во Полска

објавено: 19 јуни 2017 - 14:20

Еден од главните адути на младата српска репрезентација, Александар Чавриќ нема да игра против Македонија, утре во Бидгошч, на вториот меч од Б групата на Европското првенство во Полска.

Напаѓачот на Слован Братислава се повреди на мечот со Португалија, а по лекарскиот преглед препорачано му е да мирува најмалку две недели, што значи дека за него настапот на ЕП е завршен.

Чаврич е стандарден член во првата постава на Србија и неговото остсуство утре и до крајот на турнирот е хендикеп за младите „орли“.

Најново во Фудбал