Хрватска на патот на фудбалерите до 19 години во квалификацискиот циклус за ЕП 2020

И македонската фудбалска репрезентација до 19 години ги доби противниците за првата фаза во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2020 година.   

објавено: 6 декември 2017 - 10:40

И македонската фудбалска репрезентација до 19 години ги доби противниците за првата фаза во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2020 година. Нашите момци се најдоа во групата 3 заедно со Хрватска, Чешка и Луксембург. Двете најдобри репрезентации од секоја група ќе обезбедат место во елитната рунда квалификациите.

Македонија со истата генерација ги очекува имињата на противниците за елитната рунда квалификации за ЕП 2018, ждрепката е закажана за 11 часот.

 

Најново во Фудбал