ПРЕД ЖДРЕПКАТА НА ЛИГАТА НА НАЦИИ

И Мрме во Лозана: Би ги одбегнал Косово и Ерменија

„Не е тајна, ова е голема шанса за Македонија да оствари еден добар резултат за паметење. Целта е пласман во плеј-офот а со малку среќа и нешто поголемо. Нема лесни и наивни ривали во Лигата на нации, сите мора да се респектираат. Но, секако дека треба да се респектира и нашата репрезентација, треба да се респектира и Македонија"- истакнува Ангеловски.

објавено: 22 јануари 2018 - 19:15

Селекторот на нашиот национален тим, Игор Ангеловски ќе биде присутен на ждрепката во Лозана и дека „во живо“ ќе следи со кого тоа Македонија ќе се падне во Лигата на нации во сегментот „Д".

„Не е тајна, ова е голема шанса за Македонија да оствари еден добар резултат за паметење. Целта е пласман во плеј-офот а со малку среќа и нешто поголемо. Нема лесни и наивни ривали во Лигата на нации, сите мора да се респектираат. Но, секако дека треба да се респектира и нашата репрезентација, треба да се респектира и Македонија"- истакнува Ангеловски.

Во сегментот „Д" во Лигата на нации, Македонија е сместена во најдобриот пот или „А" групата и тоа заедно со Азербејџан, Белорусија и Грузија. И со нив може да играме само во плеј-офот или во финалниот меч за пласман на ЕП. Македонија од втората група може да се падне со Ерменија, Летонија, Ф. Острови и Луксембург.

„Што се однесува од сите овие селекции немам посебни желби, единствено не сакам да ни се падне Ерменија. Од третата група пак во која се Казахстан, Молдавија, Малта и Лихтенштајн би сакал за противник да ја добиеме оваа последната селекција, на Лихтенштајн. И на крај во последната група се Андора, Косово, Сан Марино и Гибралтар и би сакал да ја избегнеме селекцијата на Косово" - потенцира предводникот на „црвено-жолтите“.

Најново во Фудбал