ШАНСИТЕ СЕ ЗАГУБЕНИ, НО МОТИВОТ НЕ

Илиевски: Мора да ја вратиме вербата кај оваа генерација

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Добринко Илиевски го објави списокот за квалификациските дуели за пласман на ЕП 2019 година против Србија и Ерменија. 

објавено: 21 август 2018 - 12:21

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Добринко Илиевски го објави списокот за квалификациските дуели за пласман на ЕП 2019 година против Србија и Ерменија. Нашите момци веќе одамна ги загубија шансите за да се најдат на континеталното натпреварување, па предводникот на оваа генерација на овие два меча, како и следните два, гледа шанса да се врати самодовербата кај играчите.

„Не очекуваат два меча против Србија и Ерменија, а потоа уште со Русија и Гибралтар за крај на циклусот. Од овие 22 играчи дури 16 ќе имаат право да играат и во следниот циклус што значи дека драстично се подмладивме. Има и шест играчи кои се поискусни и треба да бидеме конкурентни на следните два меча. Ова е вовед за следниот циклус.

Србија нема изгубено бод и сака да биде на ЕП. Ние немаме шанси, но сериозноста на пристапот не е изгубена. Нашата цел е да се врати вербата во оваа селекција која не така оддамна беше дел од ЕП“, изјави селекторот, кој најави дека во план се две пријателски средби со Црна Гора, термините дополнително ќе бидат одредени.

Нашата селекција се добира на 3 септември (17 часот), додека два дена подоцна заминува за Србија. Дуелот со нашиот северен сосед е закажан за седми септември.

 

Најново во Фудбал