СЕЛЕКТОРОТ НА НАДЕЖИТЕ ПРЕД ДЕНЕШНИОТ ДУЕЛ ПРОТИВ РУСИЈА

Илиевски: Секој бод ни е драгоцен за рејтингот на Македонија!

Нашата млада У21 фудбалска репрезентација денеска ќе го игра својот претпоследен натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2019.

објавено: 12 октомври 2018 - 09:30

Македонија денеска во Тула ќе и гостува на селекцијата на Русија, свесни дека противникот ја има фаворитската улога, но избраниците на селекторот Илиевски ќе сторат се да си заминат од ова гостување непоразени.

„Иако во овие квалификации немаме веќе никакви шанси за некој подобар пласман, секој бод ни е драгоцен за рејтингот на нашата репрезентација. Ќе дадеме се од себе за да се претставиме во добро светло и ако успееме да им ги помрсиме сметките на противникот. Наше е да се бориме за што подобар квалитет, затоа што од оваа генерација се очекува во наредните квалификации да атакува на некој висок пласман. Имаме доста играчи кои настапуваат во странски клубови, значи квалитетни фудбалери во чии клубови кои што сеуште не се докажани и секој ваков меч за нив е голема шанса", рече селекторот на У21 македонската селекција, Добринко Илиевски.

Главен судија на натпреварот (18:00 часот) на „Арсенал" стадионот ќе биде Кристофер Хагенес од Норвешка.

Квалификации за ЕП 2019 (У21)

Група 7

Денеска

18:00 часот Србија-Австрија
18:00 часот Русија-Македонија

Табела:

1.Србија 24 бодови
2.Австрија 18
3.Русија 16
4.Ерменија 8
5.Македонија 4
6.Гибралтар 3

Најново во Фудбал