Секогаш се заедно, без разлика колку се

Имаме петка фудбалска перспектива (Фото)

Јуначката авантура што ги доведе до сензационален настап на историско Европско првенство во Полска, секогаш ќе биде нишката што ќе ги врзува нашите млади фудбалски момци, кои во овие две години ни приредија прекрасни моменти. И како по навика секогаш се заедно, па и кога одат на тренинг, а фотографијата кажува се

 

објавено: 4 октомври 2017 - 08:02

Јуначката авантура што ги доведе до сензационален настап на историско Европско првенство во Полска, секогаш ќе биде нишката што ќе ги врзува нашите млади фудбалски момци, кои во овие две години ни приредија прекрасни моменти. И како по навика секогаш се заедно, па и кога одат на тренинг на сениорската селекција, а фотографијата кажува се. Го потврдува нивното огромно пријателство, заеднички дух, меѓусебна почит...

Енис Барди, Дарко Велковски, Ѓорѓи Зајков, Марјан Радески и од позадина Висар Муслиу симболично ни велат дека имаме петка фудбалска перспектива. На фотографијата недостасува само Дамјан Шишковски од полската гарнитура што утрово ќе патува за Италија на мегдан на 4-кратниот светски првак.

Во нормални услови и во иднина во А селекцијата ќе ги има многу повеќе, бидејќи се очекува да се врати повредениот Бобан Николов, за дуелот со Лихтенштајн ќе се приклучат и Елиф Елмас и Никола Ѓорѓев, тука се и Давид Бабунски, Кире Маркоски, Бесир Демири и уште неколку што заслужуваат да бидат дел од нашата А селекција.

Најново во Фудбал