Им гостуваме во октомври идната година на аѕурите

Италија домаќин на „Фриули“ во Удине против Македонија

Македонија ќе гостува во Удине на стадионот „Фриули“ против Италија во квалификацискиот меч на 6. октомври следната година. Со тоа веќе нема непознати на кои стадиони ќе играме до крајот на циклусот за пласман на СП во Русија 2018 година

објавено: 26 октомври 2016 - 15:10

Македонија ќе гостува во Удине на стадионот „Фриули" против Италија во квалификацискиот меч на 6. октомври следната година. Со тоа веќе нема непознати на кои стадиони ќе играме до крајот на циклусот за пласман на СП во Русија 2018 година.

Популарните „Аѕури“ дури сега објавија дека против Македонија ќе се игра во Удине, откако знаевме каде ќе гостуваме со сите други репрезентации во Групата Г.

Против Албанија веќе гостувавме во Скадар, со Шпанија ќе играме во Гранада, Израел не чека во Хаифа, а против Лихтенштајн ќе играме во Вадуз.

Најново во Фудбал