Предизвикавме криза кај аѕурите

Итен состанок по мечот со Македонија - Буфон држеше лекции, Вентура не беше поканет

Капитенот Џиџи Буфон повика на единство во репрезентацијата на Италија, а безмалку играчите формираа и кризен штаб за да не дозволат лошата атмосфера по ремито со Македонија да донесе уште поголемо последици

 

објавено: 7 октомври 2017 - 18:55

Капитенот Џиџи Буфон повика на единство во репрезентацијата на Италија, а безмалку играчите формираа и кризен штаб за да не дозволат лошата атмосфера по ремито со Македонија да донесе уште поголеми последици.

Денеска на еден ден по ремиото, 1:1 со Македонија Буфон и соиграчите имале состанок, а на него воопшто не бил повикан селекторот Џамјперо Вентура. И неговата судбина е се уште неизвесна, па дури италијанските медиуми објавија дека е можно да добие и отказ, па друг селектор да ја предводи Италија во баражот за настап на Мундијалот во Русија следната година.

Буфон, повикал на единство и на задржување на позитивен дух, за да не се дозволи вртлогот на лоши игри и резултати за реноме на селекција како Италија да ги однесе шансите за настап на СП во неповрат. Задутре, „аѕурите“ ќе играат против Албанија, а во ноември ги чека двомеч со некоја од второпласираните селекции од останатите групи, за пласман на Мундијалот.

 

Најново во Фудбал