Ќе го игра јубилејниот меч против нас

Израелците готват изненадување за Македонија, ветеранот Бенајун ќе го игра стотиот меч

Легендата на израелскиот фудбал, Јоси Бенајун е многу блиску до јубилејниот стоти настап за националната селекција, а веројатно тоа ќе се случи на втори септември, во Хаифа, против Македонија

објавено: 11 август 2017 - 14:06

Легендата на израелскиот фудбал, Јоси Бенајун е многу блиску до јубилејниот стоти настап за националната селекција, а веројатно тоа ќе се случи на втори септември, во Хаифа, против Македонија. Ветеранот веќе има полни 37 години, но се уште игра одлично, моментно во дресот на Беитар Јерусалим и речиси сигурно ќе биде повикан за двата квалификациски дуели на почетокот на септември.

Израел прво ќе игра со Македонија на втори септември во Хаифа, а три дена подоцна ќе гостува против четирикратниот светски првак Италија.

Селекторот Елиша Леви има доста проблеми со повредени играчи и израелските медиуми најавуваат дека Бенајун сигурно ќе добие повик за двата меча. Јоси играше за Израел во овие квалификации, само на претходниот меч со Албанија, што неговата селекција го загуби со 0:3.

Во досегашните 99 натпревари за Израел, Бенајун постигна 24 погодоци.

Најново во Фудбал