ЗА ВТОРИОТ МЕЧ ВО УЕФА ЛИГАТА НА НАЦИИ

Каде можете да купите билети за натпреварот Македонија-Ерменија?

Овој дуел ќе се игра на 9. септември со почеток од 18:00 часот на Националната Арена „Филип Втори" - Скопје.

објавено: 4 септември 2018 - 19:15

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во рамките од Лигата Д најпрвин ќе започнат в четврток (6. септември) на гостувањето кај Гибралтар (20:45 ч.)

Репрезентацијата ја бара поддршката од трибините во овој исто така важен меч против Ерменија на патот кон остварување на целта, а тоа е пласман на Европското првенство 2020 година.

Билетите за средбата од УЕФА Лигата на нациите помеѓу Македонија и Ерменија веќе се наоѓаат во продажба.

Сѐ до недела можете да купите влезници во „Скопје Сити Мол" во периодот од 12:00 до 20:00 часот.

Цената на влезниците изнесува 100 денари за јужна трибина и 150 денари за северната трибина.

Останати продажни места на MkTickets:

Cofee Lab - Штип
T.A. Бран - Прилеп
Агора - Куманово
Вона Пет - Гостивар
Кафе Бар Концепт - Струмица
Т.А. Ана Турс - Битола
Т.А. Атлантик Турс - Кавадарци
Т.А. Глобус Травел - Охрид
ТА Либеро Травел - Кочани
ТА Меридијан - Кичево
Тобако Монако - Тетово
ТП Гоги - Драчево, Скопје
Универзална Сала – Скопје
Југотон ГТЦ 1 кат - Скопје
Т. А. Атлантик Турс – Скопје
Макпетрол Бензинска Пумпа Влае
Макпетрол Бензинска Пумпа на Ул. Илинденска
Макпетрол Бензинска Пумпа Козле

Најново во Фудбал