НЕОДАМНА ГИ ДОБИВМЕ РИВАЛИТЕ ПРОТИВ КОИ ЌЕ ИГРАМЕ ВО 2019-ТА

Како мислат обложувалниците: Може ли Македонија преку квалификации до ЕУРО 2020? (ФОТО)

Како што е веќе познато со ждрепка во Даблин се најдовме во групата Г заедно со со селекциите на Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија.

објавено: 7 декември 2018 - 11:30

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

ГРУПА „Г":

21. март 2019 Македонија - Летонија (20:45 ч.)
24. март 2019 Словенија - Македонија (20:45 ч.)
7. јуни 2019 Македонија - Полска (20:45 ч.)
10. јуни 2019 Македонија - Австрија (20:45 ч.)
5. септември 2019 Израел - Македонија (20:45 ч.)
9. септември 2019 Летонија - Македонија (20:45 ч.)
10. октомври 2019 Македонија - Словенија (20:45 ч.)
13. октомври 2019 Полска - Македонија (20:45 ч.)
16. ноември 2019 Австрија - Македонија (20:45 ч.)
19. Ноември 2019 Македонија - Израел (20:45 ч.)

Натпреварите од квалификациите за континенталниот собир ќе се одиграат во периодот помеѓу март и ноември 2019 година. Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на завршниот турнир, кој во 2020 година ќе се одржи во 12 различни земји.

Веќе и светските обложувалници ги предвидуваат шансите на репрезентациите во квалификациите, што се однесува до групата Г, најголеми фаворити за првите две позиции според „bwin", имаат Полска (со квота 1.83) и Австрија (2.30).

Иако беше извлечена од последниот шешир, Летонија не ја рангираат како најслаба, туку и пред нас, односно сме целосно „аутсајдери" во групата (квота 251.00).

Освен Полска и Австрија, според „bwin", на првите две позиции, односно на ЕУРО 2020 ги гледа уште следните селекции: Германија, Холандија, Шпанија, Шведска, Франција, Турција, Швајцарија, Данска, Португалија, Украина, Англија, Чешка, Хрватска, Велс, Белгија, Русија, Италија и Босна и Херцеговина.

Најново во Фудбал