ВО ВТОРНИК ПРОТИВ ЕРМЕНИЈА Е ОСМИОТ МЕЃУСЕБЕН ДУЕЛ

Како поминувала Македонија на гостувањата во Ереван? (ВИДЕО)

Нашата најдобра А репрезентација предводена од селекторот Игор Ангеловски е многу блиску до освојување на првото место во групата 4 од Лигата „Д". Нареден ривал е Ерменија против која ќе играме во вторник од 18:00 часот.

објавено: 15 октомври 2018 - 20:15

Фудбалерите на Македонија веќе се наоѓаат во Ереван каде што и тренираат, се подготвуваат за можеби најважниот меч за врвот и што поскоро обезбедување на плеј-офот и секако „билетот" за повисок ранг, односно во Лигата „Ц".

Но, секако најважно е да продолжи победничката серија и конечно се оствари целта, историски пласман на едно големо натпреварување, во овој случај учество на Европското првенство 2020 година.

Досега имаме вкупно седум натпревари против ерменската репрезентација, четири пати во квалификации за ЕП, двапати во квалификации за СП и сега годинава во новото УЕФА натпреварување, Лигата на нации.

На гостувањата одиграни сите во Ереван, имаме учинок од едно реми, победа и пораз. На последното гостување во квалификациите за ЕП 2012 загубивме со резултат 4:1. Стрелци на головите за домаќините беа Пизели, Газарјан, Мхитарјан и Саркисов, а единствениот погодок за нас го постигна Шиков.

Квалификации за ЕП 1996

10. мај 1995 Ерменија-Македонија 2:2 (Григорјан 23, Шагделјан 50/Христов 60, Марковски 69)
6. септември 1995 Македонија-Ерменија 1:2 (Мицевски 10/Григорјан 61, Шагделјан 78)

Квалификации за СП 2006

18. август 2004 Македонија-Ерменија 3:0 (Пандев 5, Шаќири 37, Шумуликоски 89)
4. јуни 2005 Ерменија-Македонија 1:2 (Манучарјан 54/Пандев 29 пенал, 46)

Квалификации за ЕП 2012

7. септември 2010 Македонија-Ерменија 2:2 (Ѓуровски 42, Наумоски 90+6/Мовсисјан 41/Манучарјан 90+1)
7. октомври 2011 Ерменија-Македонија 4:1 (Пизели 28, Газарјан 69, Мхитарјан 34, Саркисов 90+1/Шиков 86)

УЕФА Лига на нации 2018/2019 (за ЕП 2020)

9. септември 2018 Македонија-Ерменија 2:0 (Алиоски 14 пенал, Пандев 59)

Најново во Фудбал