Како создадени сме против нас да пишуваат историја

Каков дебакл - Младинците на Гибралтар ни земаа мерка (Видео)

Младата репрезенмтација на Македонија доживеа срамен пораз од 0:1 од Гибралтар, селекција која си испиша историски прв квалификациски триумф, токму против нас

објавено: 10 октомври 2017 - 18:56

Младата репрезенмтација на Македонија доживеа срамен пораз од 0:1 од Гибралтар, селекција која си испиша историски прв квалификациски триумф, токму против нас.

Новата генерација играчи до 21 година, по се изгледа не е ниту оддалеку блиску до квалитетот напретходните златни момчиња, кои играа на ЕП во Полска. Во Фаро, Португалија, каде се играше мечот заминавме без двата главни адути Елмас и Ѓорѓев, а пораз и покрај се не очекувавме.

Ториља во 64. минута ја искористи лошата реакција на одбраната на гостите и на голманот Ѓорѓев и ни ја затресе мрежата. Џабе потоа напаѓавме, кога немавме ниту конкретна акција, ниту расположени стрелци па загубивме од селекцијата која досега на пет меча имаше пет порази со гол-разлика 0:14. За нив ова е историска победа во квалификациски меч, а сепак на крајот може да не биде толку кобно и за нас, бидејќи резултатите против последнопласирана селекција не се смета во поредокот за директен пласман на ЕП 2019 година.

 

Најново во Фудбал