ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ОД ЛИГАТА НА НАЦИИ Е В ПОНЕДЕЛНИК

Казахстанец ќе ни суди против Гибралтар

После четвртата победа во групата 4 од Лигата „Д" над Лихтенштајн во Вадуц (0:2), Македонија се врати на вистинскиот пат кој води кон ЕУРО 2020.

објавено: 17 ноември 2018 - 11:20

Нашите најдобри фудбалери сеуште не го обезбедиле првото место во групата, а на 19. јануари на Националната Арена „Филип Втори" - Скопје (20:45 ч.) и бод ќе им биде доволен да ја остварат целта и ја урнат и последната надеж на Ерменците кои и пред почетокот на групната фаза се најавуваа како наш најголем ривал за врвот.

Познат е и главниот судија кој ќе дели правда на мечот во главниот град, станува збор за Данијар Сахи кој доаѓа од Казахстан. Летово имаше еден меч од квалификациите за Лига Европа меѓу Транс Нарва и Железничар (0:2).

Ќе му помагаат неговите сонародници Ајдин Тасјбајев. и Сергеј Калачев. Судиски контролор е Инги Јонсон од Исланд, а УЕФА делегат е Мартин Естерхази (Унгарија).

Најново во Фудбал