Тешко ќе биде и за фаворитите

Ќе се памети премиерното издание - Лига на Нации стана битка на гигантите, Германија, Франција и Холандија во А1 групата, Шпанија, Англија и Хрватска во А4

Премиерното издание на Лигата на Нации во фудбал ќе се памети, а составот на групите донесе неверојатни комбинации. Во најсилниот сегмент А, во првата група заедно се Германија, Франција и Холандија, а во А4 за едно место во плејофот битка на гигантите ќе има меѓу Шпанија, Англија и Хрватска

објавено: 24 јануари 2018 - 13:08

Премиерното издание на Лигата на Нации во фудбал ќе се памети, а составот на групите донесе неверојатни комбинации. Во најсилниот сегмент А, во првата група заедно се Германија, Франција и Холандија, а во А4 за едно место во плејофот битка на гигантите ќе има меѓу Шпанија, Англија и Хрватска.

Секако сите овие репрезентации ќе имаат реална шанса место на ЕП 2020 да изборат преку редовните квалификации, но како и да е, составот на групите ветува многу возбудувања.

Еве го составот на сите 4 сегементи и вкупно 16 групи, со напомена дека само победниците играат плејоф, по кој шампионите имаат загарантирано место на ЕП 2020 година:

А сегмент

Група 1: Германија, Франција, Холандија

Група 2: Белгија, Швајцарија, Исланд

Група 3: Португалија, Италија, Полска

Група 4: Шпанија, Англија, Хрватска

Б сегмент

Група 1: Словачка, Украина, Чешка

Група 2: Русија, Шведска, Турција

Група 3: Австрија, БиХ, Северна Ирска

Група 4: Велс, Република Ирска, Данска

Ц сегмент

Група 1: Шкотска, Албанија, Израел

Група 2: Унгарија, Грција, Финска, Естонија

Група 3: Словенија, Норвешка, Бугарија, Кипар

Група 4: Романија, Србија, Црна Гора, Литванија

Д сегмент

Група 1: Грузија, Летонија, Казахстан, Андора

Група 2: Белорусија, Луксембург, Молдавија, Сан Марино

Група 3: Азербејџан, Фарски острови, Малта, Косово

Група 4: МАКЕДОНИЈА, Ерменија, Лихтенштајн, Гибралтар

Најново во Фудбал