Ни треба реми за сигурен пласман во Елитната фаза

Клуч за пат кон елитата - Да го заклучиме белгискиот Трезор

Мајк Трезор Ндајишими е опасен стрелец и тој е главната закана за остварување на целта на младата македонска селекција до 19 години да се пласира во Елитната фаза, претпоследна на патот кон Европското првенство во Финска 

објавено: 10 ноември 2017 - 12:30

Мајк Трезор Ндајишими е опасен стрелец и тој е главната закана за остварување на целта на младата македонска селекција до 19 години да се пласира во Елитната фаза, претпоследна на патот кон Европското првенство во Финска.

Шпицот на белгиската репрезентација постигна еден погодок на првиот квалификлациски меч со Лихтенштајн, а покажа добар дел од раскошниот талент. Тој е на радарот на гигантот Реал Мадрид, а засега настапува за Андерлехт. Има искуство со настапи и во Лигата на шампионите, но за младинци.

Освен опасниот белгиски Трезор, македонските репрезентативци ќе треба да внимаваат и на опасниот техничар од Манчестер јунајтед, Инди Бунен. 

На Македонија и треба барем еден бод против Белгија, утре од 13 часот и секако потоа да го победи аутсајдерот Лихтенштајн за пласман во Елитната рунда со најдобрите 28 селекции за играчи на возраст до 19 години.

Најново во Фудбал