Триумф на нашата селекција до У18 години

Колевски донесе „црвено-жолта“ победа против Црна Гора

Благодарение на голот на Колевски постигнат во 9. минута, Македонија минимално ја совлада Црна Гора на првиот од двете пријателски средби

објавено: 7 март 2017 - 16:47

Младата репрезентација на Македонија до 18 години оствари победа од 1:0 против Црна Гора на првиот контролен меч.

На тренинг центарот „Петар Милошевски" при ФФМ, нашата селекција благодарение на голот на Бојан Колевски во 9. минута се радуваше на триумфот. Првото полувреме мина во знакот на Македонија. Создадовме уште неколку шанси за сголемување на водството, но, не ги реализиравме.

Во продолжението, гостите во неколку наврати се заканија. Постигнаа и гол, но, тој беше поништен поради недозволена ситуација.

Втората средба меѓу овие репрезентации ќе се одигра за в четврток.

Најново во Фудбал