Опасниот стрелец сега е во поинаква улога во Скопје

Летечкиот Холанѓанец Марко Ван Бастен повторно слета на гости во Македонија (Фото)

Еден од најдобрите стрелци во историјата на европскиот фудбал, Марко Ван Бастен повторно ни е гостин, сега како член на делегацијата на УЕФА, предводена од Александер Чеферин. Летечкиот Холанѓанец како селектор ја предводеше својата репрезентација во Скопје пред 14 години, кога ремизиравме со „лалињата“ 2:2

објавено: 15 февруари 2018 - 12:11

Еден од најдобрите стрелци во историјата на европскиот фудбал, Марко Ван Бастен повторно ни е гостин, сега како член на делегацијата на ФИФА и УЕФА, предводена од Александер Чеферин. Летечкиот Холанѓанец како селектор ја предводеше својата репрезентација во Скопје пред 14 години, кога ремизиравме со „лалињата" 2:2.

Некогаш опасниот напаѓач, кој е стрелец на еден од најубавите голови во историјата на европскиот фудбал, сега е во поинаква улога. Како директор за технички развој во ФИФА ќе присуствува на отворањето на новиот капацитет за млади селекции што е изграден со средства од фондовите на ФИФА и на УЕФА.

Најново во Фудбал