Рене Паурич има големи главоболки

Лихтенштајн нема со што да се брани против Македонија

Селекторот на Лихнтенштајн, Рене Паурич има опасни главоболки пред петтиот меч во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија 2018 година. Против Македонија нема да може да смета речиси на комплетната одбрана, а плус отсутен ќе биде и Сандро Визер, еден од најдобрите во домашната селекција

објавено: 19 март 2017 - 09:35

Селекторот на Лихнтенштајн, Рене Паурич има опасни главоболки пред петтиот меч во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија 2018 година. Против Македонија нема да може да смета речиси на комплетната одбрана, а плус отсутен ќе биде и Сандро Визер, еден од најдобрите во домашната селекција.

Стандардните стопери Кауфман и Полверино се повредени, а ќе го нема и левиот бек Ив Ори. Од стандардната четворка во одбраната, против Македонија на 24. март во Вадуц ќе игра само Мартин Рехштајнер, па затоа Паурич нема мир.

„Ни недостасуваат клучните играчи, но се надевам дека помладите ќе успеат да се наметнат. Верувам дека ќе најдеме вистинска комбинација во одбраната, со помладите фудбалери“, вели Паурич. 

Македонија во моментов има доволно расположени стрелци, за да ги искористи слабостите во дефанзивниот дел на Лихтенштајн. Илија Несторовски е прв стрелец на Палермо во Серија, сезонава блеска и Музафер Ејупи, кој е прв стрелец во Хрватска, во гол-форма е и Иван Тричковски, третиот стрелец на Кипар, а тука се и Горан Пандев, извонредниот голгетер на Шкендија Бесарт Ибраими, потоа и Александар Трајковски и Ферхан Хасани, ако успее да ја андмине повредата на ногата.

Мечот ќе се игра на „Рајнпарк“ во Вадуц од 20,45 часот, на 24. март. Двете селекции се без бодови по 4 одиграни кола во Г групата за настап на СП во Русија, следната година.

Најново во Фудбал