ОСЛАБЕНИ ВО СКОПЈЕ

Лихтенштајн во проблеми: На тренинг им се повредија тројца играчи

Денешниот тренинг на репрезентацијата на Лихтенштајн беше кобен за тројца првотимци кои нема да играат против нас во сабота

објавено: 10 октомври 2018 - 17:40

Селекторот на Лихтенштајн Рене Паурич има причини за загриженост по денешниот тренинг. Тројца играчи се повредија и нема да можат да играат против Македонија (сабота) и Гибралтар (вторник).

Ветеранот Мартин Бухел и Денис Салановиќ се повредија во меѓусебен дуел, а по нив се повреди и Винзенз Флац.

Салановиќ кој е член на Тун и има 28 настапи за националниот тим доби удар од свој играч и предвреме го заврши тренингот. Се работи за повреда на скочниот зглоб, а селекторот е песимист.

Денис подолго време го мачеше оваа повреда, но сега е сериозна. Ќе видиме што ќе биде со него", изјави селекторот Паурич.
Салановиќ и онака немаше да игра во Скопје поради акумулирани картони.

ФОТО: Флац го напушта тренингот со лекарката

Флац се фати за листот на ногата. Не можеше да трча и соиграчите го изнесоа надвор од тренот.
Повредата на Винзенз не е толку страшна како на Денис, но, сепак, лекарите ќе кажат дали тој ќе може да игра. Сега нека одмара па ќе видиме што ќе се случува со неговата нога", вели селекторот.

ФОТО: Мартин Бухел во разговор со асистентот Марсел Колер

Салановиќ е играч од нападот, додека Флац и Мартин Бухел се играчи од средниот ред.

Ако Мартин не може, тогаш ќе може Марсел Бухел. Ме загрижува само тоа што нема голема минутажа во Емполи и малку е паднат во формата. Сепак, немаме избор ќе мора да се стегне и да ги превземе обврските во средниот ред", додаде Паурич.
Мартин Бухел се врати во националниот тим по пауза од една година.

Поради повреди претходно отпаднаа Иван Квинтанс и Симон Кене.

Најново во Фудбал