Имаат еден противник, бараат уште еден

Литванија ќе ја тестира Ерменија пред настапите во Лигата на Нации

Ерменија ќе го искористи првиот ФИФА термин за пријателски натпревари во март за дуел со Литванија во Ереван на 27. март, а фудбалската федерација на оваа земја бара уште еден противник за 23. или 24. март

објавено: 26 јануари 2018 - 20:05

Ерменија ќе го искористи првиот ФИФА термин за пријателски натпревари во март за дуел со Литванија во Ереван на 27. март, а фудбалската федерација на оваа земја бара уште еден противник за 23. или 24. март.

Ерменците ќе и бидат домаќини на Литванија во Ереван, во истиот ден кога и ривалот од Д4 групата во Лигата на Нации, Македонија, ќе го игра својот меч со Финска во Анталија.

Ние веќе имаме договорено и тест меч за 27. март, против Азербејџан исто така во Анталија.

Македонија и Ерменија ќе бидат двата главни конкуренти за првото место во Д4 групата, во премиерното издание на Лигата на Нации. Со нас во група се и аутсајдерите Лихтенштајн и Гибралтар.

Најново во Фудбал