ТРИУМФАЛЕН СТАРТ НА МЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРИ

Македонија до 16 години со победа против Лихтенштајн го отвори развојниот турнир на УЕФА

Младите фудбалери предводени од Горан Станиќ со 2:1 славеа на натпреварот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски".

објавено: 20 април 2017 - 12:49

Македонската репрезентација до 16 години со победа против Лихтенштајн го започна развојниот турнир на УЕФА кој се игра во Скопје.

Младите фудбалери предводени од Горан Станиќ славеа со со 2:1. Агон Елези во 10. минута и Џемал Ибиши во 50. минута беа стрелци на головите за македонската репрезентација. Во втората минута од второто полувреме Лукас Грабер го постигна погодокот за гостинската репрезентација.

Македонија до 16 години доминираше, посебно во првото полувреме во кое Елези го постигна водечкиот гол. Шанса за удвојување на предноста имаше Кире Трпчевски, но не ја искористи одлична шанса. Во продолжението Лихтенштајн успеа да постигне израмнувачки погодок, но само три минути подоцна избраниците на Станиќ со одличниот гол на Ибиши ја вратија резултатската предност за победа на натпреварот.

МАКЕДОНИЈА до 16 години - ЛИХТЕНШТАЈН до 16 години 2:1 (1:0)

Најново во Фудбал