ПРОВЕРКА НА СИЛИТЕ

Македонија до 18 години на прв „тест“ со БиХ

Момците на Добринко Илиевски го играат првиот од двата меча против БиХ денеска во 17 часот на комплексот „Петар Милошевски“

објавено: 15 мај 2018 - 15:00

Во време кога ниту една селекција нема обврски, Македонија до 18 години ќе одигра два меча против БиХ. Првиот е на програмата денеска со почеток во 17 часот на комплексот „Петар Милошевски“. 

Селекторот Добринко Илиевски ќе има можност да ја види формата на играчите пред крајот на сезоната, а ќе смета на следните фудбалери: 

Методија Велковски (Вардар), Давид Денковски (Академија Пандев), Бесир Рамадани (Шкупи), Филип Антовски (Вардар), Стефан Наумчески (Вардар), Марко Шимуновиќ (ИМР Раковица, Србија), Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Џејми Перчески (Дурен, Германија), Ангел Страторски (Горица, Словенија), Даниел Павлев (Киево, Италија), Марио Наумоски (Победа), Кире Трпчевски (Њу Старс), Бесник Ферати (Шкупи), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Бојан Колевски (Вардар), Томче Гроздановски (Кожув), Давид Тошевски (Работнички), Марко Ѓорѓиевски (Борец). Јакуп Бериша (Вардар), Дарко Чурлинов (Келн, Германија), Филип Стојановски (Академија Пандев);

Неизвесен е настапот на Јакуп Бериша од Вардар поради повреда, како и на Даниел Павлев од Киево кој што во изјава за „Спормедиа“ најави дека не добил никаков повик, и дека нема да биде на располагање на овие два натпревари. 

Најново во Фудбал