Пред една година им дадовме два гола и заслуживме повеќе

Македонија е опасна - Вентура го спојува некогашниот бедем на „Старата дама“

Македонија е опасна репрезентација со одлични офанзивци, како што вели Џорџо Кјелини, а токму тој би требало да се врати во почетниот состав на „аѕурите“ и според најавите на италијанските медиуми повторно да се спои триото од некогашниот бедем на Јувентус

објавено: 6 октомври 2017 - 18:22

Од Торино, Зоран Поповски

Македонија е опасна репрезентација со одлични офанзивци, како што вели Џорџо Кјелини, а токму тој би требало да се врати во почетниот состав на „аѕурите" и според најавите на италијанските медиуми повторно да се спои триото од некогашниот бедем на Јувентус, вечерва од 20,45. Италија ќе игра против Македонија, а најавено е дека селекторот на домаќините Џампјеро Вентура ќе ја промени стандардната формација од 4-2-4 во 3-4-3, со Кјелини, Бонучи и Барѕаљи во одбраната.

Тоа е тројката што го сочинуваше непробојниот црно-бел дефанзивен ѕид на Јувентус, а се растури со заминувањето на Бонучи во Милан, во летниот преоден рок.

Заедно како стартери за Италија, тројцата одлични дефанзивци за последен пат играа во септември лани против Израел. Од тогаш од различни причини Џорџо, Лео и Андреа не беа заедно во почетниот состав на „аѕурите“, па верчерва во Торино пак по повеќе од една година би требало да бидат стартери против Македонија.

Најново во Фудбал