Ќе менуваат формација

Македонија е тест за „аѕурите“ - Италија мисли на баражот

Џампјеро Вентура веќе мисли на бараж дуелите за пласман на Мундијалот во Русија, а ако не се исполни таа цел, тоа ќе биде катастрофа, вели селекторот на Италија

објавено: 5 октомври 2017 - 12:00

Џампјеро Вентура веќе мисли на бараж дуелите за пласман на Мундијалот во Русија, а ако не се исполни таа цел, тоа ќе биде катастрофа, вели селекторот на Италија. И размислува за двата поселдни меча со македонија, утре и на деветти октомври со Албанија.

„Мораме да размислуваме во две насоки. Како да ги добиеме двете последни квалификациски средби со Македонија и со Албанија, а и да одржуваме форма за евентуалните бараж дуели. Ние сакаме и директен пласман на Мундијалот во Русија, но сега тоа не зависи од нас“, вели Вентура.

Италија денеска треба да пристигне во Торино од својата база во Коверчано, а тие воопшто нема да тренираат на „Олимпискиот“ стадион, каде утре ќе играме против нив.

Вентура размислува и да ја смени стандардната формација 4-2-4, во 3-4-3, а веројатно ќе играат со следната постава:

Буфон - Барѕаљи, Бонучи, Кјелини - Запакоста, Дармијан, Пароло, Гаљардини - Инсиње, Имобиле, Верди.

Најново во Фудбал