Денеска почнуваат квалификациите за ЕП во Финска

Македонија има таленти за Елитна фаза

Македонската репрезентација до 19 години денеска ги почнува натпреварите во квалификациската рунда за пласман во Елитната фаза, а прв противник ни е Швајцарија

објавено: 8 ноември 2017 - 11:25

Македонската репрезентација до 19 години денеска ги почнува натпреварите во квалификациската рунда за пласман во Елитната фаза, а прв противник ни е Швајцарија.

Од 13 часот на комплексот терени на ФФМ ќе ја започнеме битката на патот кон Европското првенство во Финска, а љубителите на фудбалот ќе имаат можност да видат ревија екстра-талентирани момчиња кај трите селекции, кои се фаворити за двете први позиции во групата.

Елиф Елмас, бисерот на мак-фудбалот е лидер на нашата селекција, која во своите редови ги има и Чурлинов од Келн, потоа и Митровски од Спортинг Лисабон, Трапановски, Атанасов, Фазлагиќ и уште неколкумина момчиња кои ветуваат убава иднина на нашиот фудбал. Швајцарците и Белгијците се моќни селекции со играчи од Манчестер Јунајтед, Манчестер сити, Интер, Стоук.., а аутсајдер во групата е Лихтенштајн.

Македонија денеска почнува против Швајцариоја, потоа ќе играме на 11. ноември со Белгија, а го завршуваме настапот во групата на 14. ноември со мечот против Лихтенштајн.

 

8. до 14. ноември во Скопје ќе ги одигра натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во Елитната рунда за Европско првенство. Македонија е во група со Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Селекторот на селекцијата на Македонија за играчи до 19 години, Вујадин Станојковиќ за натпреварите на тренинг центарот „Петар Милошевски" ќе смета на следните 22. фудбалери:

Најново во Фудбал