СЕЛЕКТОРОТ ИГОР АНГЕЛОВСКИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА „СПОРТ“

Македонија ќе биде прва во групата и ќе игра бараж за ЕП!

„Не можам да ветам пласман на ЕП, но сметам, со оглед на квалитетот кој што го поседуваа оваа селекција, дека Македонија на крајот ќе биде прва во нашата група и дека ќе се пласира во баражот за пласман на Европското првенство" вели Мрме.

објавено: 19 октомври 2018 - 16:05

Нашата најдобра репрезентација октомврискиот циклус во Лигата на Нации го заврши со една победа и еден пораз. Секако дека, со оглед на формата, квалитетот, одличната серија, добрата атмосфера, не се очекуваше така високо да загубиме во Ереван (0:4). Тој резултат за сите нас беше еден своевиден шок. Но сега нема враќање, мора од тој меч да се извлече поука, мора да се вратиме што побргу на победничкиот колосек и максимално да се мобилизираме пред она што претстои во ноември. Овој пораз можеби ги намали шансите да бидеме први во целиот сегмент во „Д" Лигата на Нации, но уште шанси имаме за пласман во полуфиналето, и тоа добри шанси.

ЌЕ БИДЕМЕ ПРВИ ВО 4.ГРУПА

По неколку проспиени ноќи, „Спорт" побара одговори на неколку прашања од Игор Ангеловски, селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација.
„Па како за почеток јас имам да го кажам следното. Имено и покрај поразот од Ерменија јас имам голема доверба во овие момци, знам со каков квалитет располагаат, и знам дека ќе дадат се да дојдат до две победи на двата последни меча во ноември. Секако дека сметам дека ќе бидеме први во нашата група, но и дека ќе се пласираме во баражот за ЕП. Секако дека огромна е желбата да се оствари долгодишниот сон да се најдеме на едно големо натпреварување како ЕП, тоа не можам да го ветам, но ветувам дека ќе сториме се за да дојдеме до такво нешто со оваа генерација" започна Ангеловски.

Најново во Фудбал