УЕФА развоен турнир за репрезентации до 16 години

Македонија против Израел, Романија и Лихтенштајн

Фудбалската федерација на Македонија од 18. до 23. април е организатор на УЕФА развоен турнир за репрезентации до 16 години. Покрај нашата селекција на турнирот кој го организираме на тренинг центарот „Петар Милошевски" ќе учествуваат и репрезентациите на Романија, Израел и Лихтенштајн.

објавено: 13 април 2017 - 13:58

Фудбалската федерација на Македонија од 18. до 23. април е организатор на УЕФА развоен турнир за репрезентации до 16 години. Покрај нашата селекција на турнирот кој го организираме на тренинг центарот „Петар Милошевски" ќе учествуваат и репрезентациите на Романија, Израел и Лихтенштајн.

„Развојниот турнир е нова прилика за докажување и увид во квалитетите на повиканите фудбалери. Овој турнир ќе го искористиме како подготовка за октомвриските квалификации за пласман во елитната фаза на УЕФА. За мене е многу важно да видам како ќе изгледа тимот на овие три натпревари против Израел, Романија и Лихтенштајн бидејќи се друго до октомври ќе биде надополнување и финална подготовка за квалификациските дуели против Словачка, БиХ и Молдавија. На претстојниот развоен турнир Израел е фаворит за првото место, многу поквалитетна репрезентација од Романија и Лихтенштајн, но ние сме домаќини и ќе се обидеме да се надигруваме со сите“, истакна селекторот на Македонија до 16 години, Горан Станиќ.

Првиот натпревар Македонија до 16 години го игра на 19. април во 15:30 часот против селекцијата на Лихтенштајн.

ГОЛМАНИ: Димитрија Герасимовски (Њу Старс), Матеј Андов (Вардар); ОДБРАНА: Божидар Митревски (Работнички), Ване Тасевски (Сасуоло, Италија), Диме Тодоровски (Работнички), Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Борис Јакимовски (Работнички), Ален Личина (Работнички); СРЕДЕН РЕД: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Ален Јусуфов (Рапид Виена, Австрија), Бојан Димовски (Вардар), Кире Трпчевски (Њу Старс), Џемал Ибизи (Металург), Куш-трим Таири ( Шкендија), Агон Елези (Шкупи), Влада Новевски (Војводина), Бесир Бефтијари (Теплице, Чешка), Амар Колашинац (Олимпија, Словенија); НАПАД: Давид Тошевски (Работнички), Ариф Ибраим (Академија Пандев);

Најново во Фудбал