ЗАВРШИ ЖДРЕПКАТА ВО ДАБЛИН ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2020

Македонија против Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија! (ФОТО)

објавено: 2 декември 2018 - 12:54

Поради политички тензии УЕФА донесе одлука кои држави меѓу себе не можат да се најдат во иста група: Ерменија-Азербејџан, Гибралтар-Шпанија, Косово-Босна и Херцеговина, Косово-Србија и Украина-Русија.

Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Ст. Петерсбург се 12. градови домаќини на следниот континентален собир.

„Црвено-жолтите" предводени од селекторот Игор Ангеловски се најдоа во групата Г со репрезентациите на Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија.

Квалификации ЕП 2020

Група А: Англија, Чешка, Бугарија, Црна Гора, Косово.

Група Б: Португалија, Украина, Србија, Литванија, Луксембург.

Група Ц: Холандија, Германија, Северна Ирска, Естонија, Белорусија.

Група Д: Швајцарија, Данска, Република Ирска, Грузија, Гибралтар.

Група Е: Хрватска, Велс, Словачка, Унгарија, Азербејџан.

Група Ф: Шпанија, Шведска, Норвешка, Романија, Фарски Острови, Малта.

Група Г: Полска, Австрија, Израел, Словенија, Македонија, Летонија.

Група Х: Франција, Исланд, Турција, Албанија, Молдавија, Андора.

Група И: Белгија, Русија, Шкотска, Кипар, Казахстан, Сан Марино.

Група Ј: Италија, Босна и Херцеговина, Финска, Грција, Ерменија, Лихтенштајн.

Натпреварите ќе се играат во периодот од 21. март до ноември 2019. година. Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбеди настап на ЕУРО 2020, ќе се дознаат вкупно 20, а останатите четири преку плеј-офот во Лигата на нации.

Најново во Фудбал