ЖДРЕПКА ЗА ЕП 2019 ЗА ИГРАЧИ ДО 21 ГОДИНА

Македонија против Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар

„Црвено-жолтите“ сакаат да продолжат со успесите

објавено: 26 јануари 2017 - 09:44

Младата репрезентација на Македонија ќе игра против  Гибралтар, Ерменија, Русија, Австрија, Србија, во квалификациите за Европско првенство кое се игра во 2019 година. Вака посака ждрепката која утрово беше во Нион. 

Македонија беше во четвртиот барабан, а селекторот Благоја Милевски пред ждрепката рече дека не му е важно кои ќе бидат противниците. Младата селекција летово за прв пат ќе игра на завршницата на еден континентален собир, тој во Полска. 

Квалификациите за ЕП 2019 ќе започнат во март.

Најново во Фудбал