Македонија, Русија и Норвешка се на чело на колоната од 9 фудбалски репрезентации кои ќе го имаат најлошиот пласман на ФИФА ранг-листата во својата историја. Новиот распоред ќе биде објавен на 24. ноември, а речиси е сигурно дека Македонија ќе биде на 162. позиција. Тоа е убедливо најлош ранкинг на нашата фудбалска селекција и ќе го надминеме 155. место што го имаме во октомври.
Русија според пресметките ќе биде 55. фудбалска сила на планетата, што е за две скалила полошо од досега најлошиот пласман на „баќушките“. Истото ќе и се случи на Норвешка, која ќе биде најслабопласирана во својата историја, на 84. место.
Со европското трио во кое е и Македонија, „дното“ ќе го допрат и Малта, Лихтенштајн, Ангола, Кувајт, Сент Винсент и Гренадинс и Шри Ланка.
Деветката што го очекува најлошиот пласман на ФИФА листата:
Русија (најслабо досега 53., на 24. ноември ќе бидат 55.)
Норвешка (81 - 84)
Ангола (137 - 144)
Македонија (155 - 162)
Кувајт (167 - 172)
Сент Винсент и Гренадинс (170 - 177)
Малта (178 - 182)
Лихтенштајн (183 - 189)
Шри Ланка (194 - 195)