ПО СКОКОТ ОД 18 МЕСТА НА ФИФА ЛИСТАТА

Македонија сега е во третиот барабан за Лигата на нации

Според најновото рангирање, „црвено-жолтите“ сега се на 38 позиција во Европа и е во група со селекции како што се Србија, Грција, Албанија, Бугарија, Шкотска, Романија, Израел...

објавено: 16 октомври 2017 - 11:40

Македонската фудбалска репрезентација направи голем скок на најновото рангирање на ФИФА листата и сега е на 85 место во свет. Со напредувањето од 18 позиции, Македонија направи голем исчекор и во европски рамки, што е многу важно, пред ждрепката за Лигата на нации. 

„Црвено-жолтите“ сега се на 38 место во Европа, што води во Лига Ц, за ждрепката во Лигата на нации, која ќе биде на 24 јануари следната година. На претходното рангирање, Македонија беше во последниот барабан, во Лига Д, каде што играат најслабите. 

Сега Македонија ќе биде во група каде може да се падне со Србија, Грција, Албанија, Бугарија, Шкотска, Романија, Израел...

Добриот ранкинг на ФИФА листата, Македонија треба да ја задржи и на следните две рангирања, за да остане на позиција која води во Лига Ц. 

Најново во Фудбал