СЕ РАЃА ЛИ ЛИГА НА НАЦИИТЕ?

Македонија тргнува од најслабата група

После завршувањето на СП 2018 година во Русија, се подготвува ново натпреварување на УЕФА – Лигата на Нации која ќе се игра во периодот од септември 2018 до јуни 2019 година.

објавено: 7 септември 2017 - 09:00

Според првата проекција во ова натпреварување ќе биде опфатени вкупно 55 национални тимови, и ќе бидат поделени во четири лиги од која секоја ќе има по четири групи од по три или четири репрезентации кои ќе бидат одредени според коефициентот на УЕФА.

Во лигата А ќе играат најсилните европски репрезентации, додека пак во лигата Д оние со најслаб ранг, вели идејата на претседателот на европската „Куќа на фудбалот" Александар Чеферин.
Победниците на групите ќе се пласираат во повисок ранга, а четирите најслаби пак ќе се симнат еден ранг подолу.
Првопласираните од Лигата „А" ќе играат на „Фајнал-фор".
Интересно е дела секоја најдобра репрезентација која ќе ја освои лигата директно ќе се пласира на Европското првенство во 2020 година, а лигата би требало да претставува замена за пријателските натпревари.
Исто така, ако истите репрезентации, или поголeм број на најсилните селекции се изборат за настап на Еуро низ квалификациите, нивните места, низ Лигата на нациите ќе ги заменат оние со најдобар резултат во лигата.
Па така, реално е можно и неколку селекции од Б лигата да се пласира на тој собир на најдобрите европски репрезентации во 2020 година.
Теоретски доколку сите репрезентации од Лигата „А" се квалификуваат за ЕП, тоа значи дека дополнителни четири места во плеј-офот би се префрлиле на „Б" лигата.

УЕФА смета дека ова е вистинска прилика за репрезентациите од средниот и понизок ранга, во кој спаѓа и нашиот национален тим да се пласираат на едно Европско првенство. Досега играа против посилните од себе низ квалификациите, а сега против ривали со приближен квалитет, со кои би конкурирале за пласман на Еуро.
Јасно е дека ова е потег со кој УЕФА сака да стави и крај на поплаките дека пријателските мечеви се повеќе штетни околку корисни за националните тимови. А овие мечеви ќе имаат и карактер на натпреварување, преку кое некои до селекциите би можеле да ги реализираат своите цели.
Според моменталниот коефициент, Македонија би требало да биде поставена во сегментот Д заедно со репрезентациијте на Литванија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Фарски Острови, Луксембург, Летонија, Молдавија, Казахстан, Лихтенштајн, Андора, Малта, Косово, Сан Марино, Гибралтар

Како би изгледала Лигата на нациите

ЛИГА А
Германија, Португалија, Белгија, Шпанија, Швајцарија, Франција, Англија, Италија, Поска, Хрватска, Исланд, Велс

ЛИГА Б
Русија, Северна Ирска, Словачка, Шведска, Холандија, Украина, Босна и Херцеговина, Австрија, Турција, Република Ирска, Данска, Унгарија

ЛИГА Ц
Словенија, Албанија, Црна Гора, Србија, Шкотска, Чешка,Романија, Грција, Бугарија, Израел, Норвешка, Кипар, Финска, Естонија, Азербејџан,

ЛИГА Д
Литванија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Македонија, Фарски Острови, Луксембург, Летонија, Молдавија, Казахстан, Лихтенштајн, Андора, Малта, Косово, Сан Марино, Гибралтар

Најново во Фудбал