ВО ПРЕСРЕТ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2021 ГОДИНА

Македонија У-21 на „Анталија Куп“ од 20-27 март!

Покрај нашите надежи, на овој силен турнир во нашата група ќе бидат и селекциите на Летонија, Казахстан, Украина и Естонија

објавено: 11 февруари 2019 - 11:36

Младата селекција на Македонија за играчи од 21.година, следниот месец ќе има силна проверка на своите моментални можности во пресрет на стартот на квалификациите за ЕП 2021 година во Унгарија и Словенија.

Имено од 20 до 27 март нашите надежи ќе учествуваат на силниот турнир „Анталија Куп 2019" во Турција. Во нашата група покрај Македонија, ќе учествуваат и надежтие на Летонија, Казахстан, Украина и Естонија.

Интересно е тоа што со селекцијата на Казахстан ќе играме и во квалификациите за ЕП кои стартуваат во септември а ривали ни се и селекциите на Шпанија, Израел, Црна Гора и Фарски Острови.

Најново во Фудбал