Двапати водеа, на крајот одиграа нерешено

Македонија У16 ремизираше против Ерменија на втората контрола

Македонската репрезентација до 16 години одигра нерешено (2:2) против соодтвената селекција на Ерменија на вториот контролен натпревар, одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје. 

објавено: 13 март 2017 - 16:12

Македонската репрезентација до 16 години одигра нерешено (2:2) против соодтвената селекција на Ерменија на вториот контролен натпревар, одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје.

Емил Скоко во 21. минута го отвори мечот. Избраниците на селекторот, Горан Станиќ во првото полувреме не искористија уште една добра шанса преку Бојан Димоски, по што Шагојан беше сигурен реализатор на најстрогата казна за израмнување на 1:1

Во првата минута од второто полувреме, Куштрим Таири ја погоди стативата од голот на Ерменците, а само две минути подоцна Бојан Димовски го искористи невниманието на гостинската одбрана и погоди за 2:1.
Сепак, во 56. минута младите фудбалери на Ерменија повторно го израмнија резултатот, со погодокот на Хамбарѕумјан во 56. минута. 

 

Најново во Фудбал