НАШИТЕ ФУДБАЛЕРИ ГИ ДОБИЈА ПРОТИВНИЦИТЕ

Македонија У17 во група со Шпанија во квалификациите за ЕП 2019

Македонската репрезентација до 17 години ги доби противниците за следниот квалификациски циклус за Европското првенство 2019 година. 

објавено: 6 декември 2017 - 10:30

Македонската репрезентација до 17 години ги доби противниците за следниот во квалификациски циклус за Европското првенство 2019 година. Нашите фудбалери се најдоа во група со Шпанија, Фарски Острови и Израел. 

Според системот на натпреварување, најдобрите две репрезентации од секоја група (вкупно 13) заедно со четирите најдобри третопласирани селекции ќе се најдат во квалификации за пласман на ЕП 2019.

Инаку денеска во Нион (11:45 часот) ќе се одржи ждрепката за елитните квалификации од оваа генерација. Македонија првата фаза од квалификациите ја мина како најдобро третопласирана селекција во групата со Словачка, Бих и Молдавија.

 

Најново во Фудбал