Има надеж

Македонија врти нов лист во женскиот фудбал - Победа против Кипар на девојките до 19 години

Македонската женска репрезентација до 19 години славеше победа со 2:0 против домашниот Кипар на првиот од двата контролни натпревари кои се играат на гостински терен. Белистојаноска и Димоска погодија, а асистенциите се на Дервиши

објавено: 13 март 2018 - 15:35

Македонската женска репрезентација до 19 години славеше победа со 2:0 против домашниот Кипар на првиот од двата контролни натпревари кои се играат на гостински терен.

Водечкиот гол за репрезентацијата на Македонија го постигна Марија Белистојаноска во 28. минута од пенал што го изнуди Рабија Дервиши. Десет минути подоцна, во 38. минута победата на нашата селекција ја потврди Теодора Димоска по додавање на Дервиши.

„Одигравме добар и динамичен натпревар во кој доминиравме. Реализиравме два пати, а можевме да постигнеме уште некој погодок. Задоволен сум од залагањето и придонесот на моите фудбалерки. Се надевам дека добро ќе се подготвиме и ќе бидеме успешни и на вториот натпревар“, изјави селекторот на Македонија, Астрит Мерко.

Најново во Фудбал