ПО СЕЛЕКТОРОТ, СЕ ОГЛАСИЈА И ФУДБАЛЕРИТЕ

„ Македонијо прости ни за нанесениот срам“

Ако некому најмногу му е тешко по срамниот пораз од Гибралтар (1-0) во квалификациите за пласман на ЕП Италија, тоа се младите фудбалери и селекторот Благоја Милевски. 

објавено: 12 октомври 2017 - 13:15

Ако некому најмногу му е тешко по срамниот пораз од Гибралтар (1-0) во квалификациите за пласман на ЕП Италија, тоа се младите фудбалери и селекторот Благоја Милевски.

Никој не може да се помири со овој резултат, ниту два дена по завршувањето на ово дуел. Откако селекторот, Благоја Милевски и се извини на македонската јавност за поразот, во јавноста се огласи и фудбалерите.

„Нема никакво оправдување. Македонијо прости ни за нанесениот срам. Од мене лично и во името на сите мои репрезентативни колеги сакам да и се извинам на целата нација. Ова не смееше да се случи. Ќе ни треба време од ова психолошки да се опоравиме", вели Алекса Амановиќ за „Македонски спорт“ кој е стандарден дефанзивец во оваа генерација.

Нема објаснување за примениот гол, штетата е направена и мора да се носат со овој пораз засекогаш.

„Како можевме да примиме гол од Гибралтар? Не знам ни јас самиот што да ви кажам. Доцна е сега за објаснување, расправање што се случи. Штетата е направена и ќе мора да се носиме со овој пораз засекогаш. На сите ни е многу жал што еве се случи ова, поради нас самите поради целата јавност, а најмногу поради нашиот селектор. Искрено, ми е срам во очи да го погледнам“.

Најново во Фудбал