Талентите знаат против кого ќе играат

Македонските фудбалски надежи во нов обид за пласман на ЕП

Денеска во Нион беа одредени групите за квалификациските натпревари во следниот циклус за ЕП за играчи до 17 и 19 години

објавено: 13 декември 2016 - 13:48

Македонската репрезентација за играчи до 17 години ќе игра против Босна и Херцеговина, Словачка и Молдавија за пласман во Елитната фаза од квалификациите за Европското првенство.

Македонија од 2. до 8. октомври следната година ќе биде домаќин на квалификациската група во битката за првите две места, кои гарантираат пласман понатаму.

Во Нион денеска и репрезентацијата за фудбалери до 19 години ги доби своите противници. Во квалификациската рунда за Европскто првенство ќе играме во група со Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Натпреварите с закажани за периодот од 8. до 14. ноември 2017 година.

Најново во Фудбал