Еден од најважните мечеви за избраниците на Милевски

Македонските младинци ја чекаат Австрија на „Филип Втори“ арена

По една година пауза, младата македонска репрезентација повторно ќе игра на нациопналната арена „Филип Втори“ во квалификациски меч со Австрија за пат на Еп во Италија. Мечот е закажан за 14. ноември

објавено: 27 октомври 2017 - 11:41

По една година пауза, младата македонска репрезентација повторно ќе игра на нациопналната арена „Филип Втори" во квалификациски меч со Австрија за пат на Еп во Италија. Мечот е закажан за 14. ноември.

Последен пат  на Арената игравме историски меч, против Шкотска на 11. октомври, а празнично „пукна“ прв настап на Европско првенство со победа од 2:0.

Сега, една нова генерација, но со ист селектор, Благоја Милевски, се враќа назад на истото место. Досега вообичаено мечевите се играа на терените на ФФМ во населбата Аеродром. 

Против Австрија ќе ја биеме една од клучните битки за враќање на надежите за нов подвиг и нов пласман на ЕП во Италија и Сан Марино во 2019 година.

Најново во Фудбал