ПРЕД ЕДНА ГОДИНА ВО СТРУМИЦА БЕШЕ РАСТУРЕН ЛИХТЕНШТАЈН (4-0)

Меч за паметење: Првите голови на Барди и Муслиу, емотивниот кам-бек на Адеми! (ВИДЕО)

Наскоро најдобрата македонската репрезентација ќе го продолжи настапот во УЕФА Лигата на нации, на 13. октомври од 20:45 часот во групата 4 од Лигата „Д" во третото коло игра против Лихтенштајн.

објавено: 9 октомври 2018 - 09:00

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски веќе ги започнаа подготовките за дуелит кој што ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори" - Скопје, а да потсетиме на 16. октомври во Ереван ќе играат со Ерменија.

На денешен ден пред точно една година на 9. октомври 2017 во последниот натпревар од квалификациите за СП 2018 на стадионот „Младост" во Струмица беше совладана со 4:0 селекцијата на Лихтенштајн.

По еднаш во листата на стрелците во таа победа се запишаа Муслиу во 36., Трајковски во 38., Барди во 67. и Адеми во 69. минута од средбата.

Овој меч донесе многу позитивни нешта, како прво Енис Барди и Висар Муслиу ги постигнаа првите голови во сениорскиот дрес, а Аријан Адеми во солзи радосници со прекрасен погодок го прослави враќањето во националниот тим, оставајќи го зад себе најтешкиот период во кариерата и суспензијата од две години поради падот на допинг тест.

Најново во Фудбал