Ги образложи и промените во националниот состав

Милевски: Гибралтар е опомена за сите, како не смее да се игра за Македонија

Селекторот на младата македонска селекција за играчи до 21 година, Благоја Милевски ги образложи неколкуте промени во однос на мечот со Гибралтар, кога бевме изненадени и поразени со 0:1

објавено: 3 ноември 2017 - 11:22

Селекторот на младата македонска селекција за играчи до 21 година, Благоја Милевски ги образложи неколкуте промени во однос на мечот со Гибралтар, кога бевме изненадени и поразени со 0:1. Сменети се голманите, а селекторот што не однесе на историското ЕП во Полска, ова лето, вели дека против Австрија мора да се игра многу подобро. Еден од фаворитите во нашата седма група ни доаѓа на гости на 14. ноември во Скопје во еден од клучните дуели за пат на ЕП во Италија и Сан Марино во 2019 година.

„Не бев задоволен од голманите и тука се одлучив за промени. Поразот оед Гибралтар е опомена за сите што настапуваат за репрезентацијата, дека така не може да се игра за Македонија. Верувам дека против Австрија ќе успееме да одиграме многу подобро. Сигурен сум дека е најважно како ние ќе играме, иако Австријците имаат одлична селекција“, изјави Милевски.

Мечот ќе се игра на 14. ноември на „Филип Втори“ арената од 13 часот.

Најново во Фудбал