Нема веќе простор за калкулации

Милевски кова победничка тактика, младинците се подготвени за мегдан со Австрија

Репрезентативците на Македонија за играчи до 21 година го имаа првиот собир, денеска претпладне, а целта е да се најде чаре за победа против Австрија, селекција која е еден од главните фаворити во нашата група за пат на ЕП во Италија и Сан Марино

објавено: 8 ноември 2017 - 11:50

Репрезентативците на Македонија за играчи до 21 година го имаа првиот собир, денеска претпладне, а целта е да се најде чаре за победа против Австрија, селекција која е еден од главните фаворити во нашата група за пат на ЕП во Италија и Сан Марино.

Мечот ќе се игра на „Филип Втори“ арената на 14. ноември од 13 часот и на Македонија и игра само победа за да се врати во трката за пласман на ЕП.

„Австрија е познат противник, знаеме се за нив, а за мене е важно како ние ќе изгледаме на терен“, вели селекторот, кој не предводеше до историски настап на големите натпреварувања, со претходната генерација.

Денеска на првиот собир пред дуелот со Австрија, отсутни беа Алекс Симовски, кој игра бараж во Шведска со својот тим Акрополис и Иљази и Костов од Ренова, заедно со Чешмеџиев и Атанаскоски од Академија Пандев. Сите четворица ќе настапат денеска во куп натпреварите, па потоа ќе се приклучат на тренинзите до мечот со Австрија.

Повратник во младата селекција е играчот на Сиднеј, Никола Кулески, кој не настапи против Гибралтар поради обврски на факултетот.

 

 

Најново во Фудбал