ПРЕД УТРЕШНАТА ЖДРЕПКА ВО НИОН

Милевски: Немаме посебни желби

Младата репрезентација на Македонија ги чека противниците за квалификациите на ЕП 2019 во Италија

објавено: 25 јануари 2017 - 14:02

Македонската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, летово ја очекува историски прв настап на завршница на едно големо натпреварување. „Црвено-жолтите“ ќе играат на Европското првенство во Полска. 

Пред тој настап во Полска, селекцијата треба да ги дознае и противниците за следниот континентален собир, кој се игра во Италија во 2019 година. Македонија ќе биде во четвртиот шешир на утрешната ждрепка во Нион. 

Селекторот Благоја Милевски вели дека нема посебни желби за тоа кои би ги сакал за противници. Во претходниот циклус, Милевски покажа дека може да постави игра и неговите избраници да бидат конкурентни и со најдобрите во Европа. 

„Немам посебни желби во однос на противниците кои може да ни бидат. Ждрепката ја чекаме со подобар пласман за 11 позиции и пласман на ЕП, во однос на претходното извлекување на противниците за ЕП 2017. Квалификациите за ЕП 2019, ќе ги започнеме со нова генерација на фудбалери, но желбите и целта остануваат исти - да бидеме конкурентни во групата и да го подобриме рејтингот“, вели Милевски. 

Годинава селекторот ќе има тешка задача, бидејќи парарелно ќе треба да работи со две генерации. Да се подготвува со момците кои го обезбедија пласманот на ЕП во Полска, но и да ги селектира најдобрите пред стартот на квалификациите за ЕП 2019.

Утрешната ждрепката во Нион, ќе биде во 9 часот наутро, а во живо ќе ја следат селекторот Милевски и директорот на репрезентацијата на Македонија, Саша Ќириќ.

ИЗВЛЕКУВАЊЕ ЗА ЕП 2019 ГОДИНА:

Барабан А: Германија, Поругалија, Шпанија, Данска, Франција, Шведска, Чешка, Србија;

Барабан Б: Словачка, Израел, Холандија, Австрија, Хрватска, Белгија, Полска, Швајцарија, Словенија;

Барабан Ц: Украина, Норвешка, Русија, Турција, Романија, Исланд, Грција, Црна Гора, Финска;

Барабан Д: Велс, Бугарија, Македонија, Грузија, Унгарија, Република Ирска, Шкотска, Молдавија, Албанија;

Барабан Е: Литванија, Азербејџан, Ерменија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Казахстан, Кипар, Летонија, Албанија;

Барабан Ф: Малта, Луксембург, Северна Ирска, Фарски Острови, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн, Гибралтар, Косово.

Најново во Фудбал