Селекторот е во интересна ситуација

Милевски селектира за Италија, а мисли и на Полска

Благоја Милевски ќе се најде во интересна ситуација, да селектира нова генерација фудбалери во квалификациите за настап на младинското Европско првенство во Италија, за две години и истовремено да ја подготвува златната генерација за настапот на ЕП во Полска, од 16. до 30. јуни

објавено: 14 март 2017 - 12:26

Благоја Милевски ќе се најде во интересна ситуација, да селектира нова генерација фудбалери во квалификациите за настап на младинското Европско првенство во Италија, за две години и истовремено да ја подготвува златната генерација за настапот на ЕП во Полска, од 16. до 30. јуни.

За таа цел младите македонски фудбалери ќе имаат два тест натпревари во март. На 24. ќе играат фудбалерите кои ги чека квалификациски циклус за Италија, а 4 дена подоцна ќе играат нашите млади херои, против Бугарија, како еден од последните тестови пред настап на ЕП во Полска.

Двата натпревари ќе се играат во Скопје, во ист термин од 14 часот.

„Сега сме на почеток на нов циклус, со нова репрезентација за пласман на ЕП во Италија. Почнуваат со контролниот меч со Црна Гора на 24. март. Тоа ќе биде последна проверка на потенцијалот на одредени фудбалери. Дел од нив немаа минутажа во клубовите, дури имавме и такви што немаа ниту клубови, па сега ќе имаат шанса да потврдат дека имаат квалитет и се во посакуваниот фудбалски ритам за да играат во репрезентацијата“, вели селекторот Благоја Милевски.

Квалификациите ги почнуваме на 5. септември со Ерменија на гости. Проблем засега е Калвин Н`Сомбо, кој нема клуб, а покажа дека има потенцијал. Ако тој е проблематичен со клубот, тогаш вистинска мистерија е случајот со Таулант Сефери, за кого се шпекулираше дека ќе игра за младата репрезентација на Албанија.

„Јас одлучив да го повикам Сефери, а на него е да одлучи дали ќе игра, или не за Македонија. Засега немам одговор од него, а испративме писмо до неговиот клуб Јанг Бојс, за да ги информираме дека е повикан за настап во репрезентацијата. Очекуваме одговор од него и секако да биде во составот на репрезентацијата за мечот со Црна Гора“, додаде Милевски.

Четири дена подоцна против Бugarija ќе тестираат играчите што ќе настапат на ЕP во Полска, а таму се веќе проверени сили, предводени и од неколкумина А репрезентативци.

Еве ги двата списоци за натпреварите со Црна Гора и со Бугарија.

Најново во Фудбал