Еден од клучните мечеви

Милевски: Со победа против Австрија да фатиме приклучок кон врвот

Благоја Милевски не отстапува од добро трасираната патека на нашите селекции до 21 година, а и овојпат по историскиот успех со златната генерација, верува во успех и во добар пласман во новиот циклус квалификации, кои веќе се во тек. Моментно сме последни по три меча, но таа ситуација може комплетно да се смени со победа утре против Австрија. Играме од 13 часот на „Филип Втори" во Скопје

објавено: 13 ноември 2017 - 11:45

Благоја Милевски не отстапува од добро трасираната патека на нашите селекции до 21 година, а и овојпат по историскиот успех со златната генерација, верува во успех и во добар пласман во новиот циклус квалификации, кои веќе се во тек. Моментно сме последни по три меча, но таа ситуација може комплетно да се смени со победа утре против Австрија. Играме од 13 часот на „Филип Втори“ во Скопје.

„Австрија загуби од Србија, но играа добро и се селекција која има голем потенцијал. До 80 минута беше 1:1. Покажаа борбен дух, цврстина и квалитет и се опасен противник. Никогаш не сум бил категоричен дека императив е пласман на Европско првенство. така беше и со претходната генерација, која успеа прва да се пласира на големо натпреварување. Целта на македонскиот фудбал во младинските категории е постојано да правиме чекор напред, да покажеме дека вредиме и се повеќе да се вклучуваме рамноправно во битка со најдобрите селекции. Имаме уште 7 натпревари до крај и имаме доста дуели со директните конкуренти за пласман на Европското првенство во Италија“, вели Милевски.

 

Најново во Фудбал