ЗАВРШИ СЕРИЈАТА ОД ДЕСЕТ МЕЧА БЕЗ ПОРАЗ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

Милевски: Скапо платени грешки

Македонската репрезентација до 21 година не успеа да ја повтори играта од Бидгошч на своите претходници, на домашен терен беше совладана од Србија со 2-0.

објавено: 6 октомври 2017 - 18:26

Македонската репрезентација до 21 година не успеа да ја повтори играта на своите претходници, беше совладана од Србија со 2-0 за прв пораз во квалификациите за пласман на ЕП во Италија за прв пораз на домашен терен последните десет меча. До оваа средба Македонија имаше седум победи и три нерешени дуели. 

Селекторот на „црвено-жолтите“ Благоја Милевски гпотенцираше дека противник како Србија знае да казни кога нема да се искористат шанси. 

„Заслужена победа на Србија, нашите грешки не чинеа пораз. Во еден момент се чувствуваше недисциплина, но тоа не верувам дека е од непочитување кон националниот дрес од мојата страна или пак од страна на играчите, туку од желбата против еден квалитетен противник да се покажеме што знаеме.
До 25-30 минута имавме целосна рамнотежа и своја игра. Создадовме шанси кои не ги искористивме особено во второто полувреме, а противник како Србија знае тоа да го искористи“, изјави по мечот Благоја Милевски.

 

 

Најново во Фудбал