МАЛКУ ИЗМЕНИ ВО СОСТАВОТ НА АНГЕЛОВСКИ

Мите Цикарски е повратник во националниот тим

Актуелниот играч на грчка Јанина, доби покана од селекторот Игор Ангеловски за средбите од УЕФА „Лигата на нации", оние против селекциите на Гибралтар и Ерменија предвидени за 6, односно 9 септември.

објавено: 29 август 2018 - 12:30

Мите Цикарски, 25 годишниот фудбалер на грчка Јанина е новото име во нашиот национален сениорски тим на кое селекторот Игор Ангеловски смета за претстојните натпревари од новото натпреварување на УЕФА – Лигата на нациите.

Всушност Цикарски е повратник во друштвото на сениорите, откако претходно, во својата кариера веќе има запишано три настапи за нашата најдобра селекција.
Цикарски, кој ја пополнува левата бековска позиција, беше составен дел и на селекциите „Под 19" односно „Под 21" година

 

Најново во Фудбал