НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА СЕЛЕКТОРОТ ПРЕД МЕЧОТ СО ЛИХТЕНШТАЈН

Митов Нилсон денеска не тренираше поради повреда

Нашата најдобра фудбалска селекција се подготвува за третиот натпревар од УЕФА Лигата на нации в сабота од 20:45 часот против репрезентацијата на Лихтенштајн.

објавено: 9 октомври 2018 - 12:34

На денешниот претпладневен тренинг не тренираше голманот на шведскиот клуб Норчепинг, Давид Митов Нилсон.

Дознаваме дека нашиот 27. годишен репрезентативен чувар на мрежата има проблеми со ложата на десната нога. Освен Митов Нилсон, на голманската позиција селекторот Игор Ангеловски на располагање ги има уште Столе Димитриевски и Дамјан Шишковски.

Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра на 13 октомври во 20:45 на „Филип Втори" а билетите се пуштени во продажба по цена од 150 за северната и 100 денари за јужната трибина.

Најново во Фудбал